Ирина Шајк се породи. Убавата Русинка и нејзиниот свршеник Бредли Купер станаа родители.
Парот го доби првото дете пред две недели, но радосната вест сега беше потврдена од странските медиуми. Имајќи предвид дека славната двојка не го коментира приватниот живот, очекувано е да нема соопштение за раѓањето на нивното малечко.


На почетокот на месецов, непосредно по породувањето, Ирина беше фотографирана за време на пазарување со својата мајка.






31-годишниот модел и 42-годишниот актер се во врска речиси две години. Веста за бременоста стигна до јавноста откако Шајк дефилираше на ревијата на Victoria’s Secret во блажена состојба.






