Ирина Шајк се врати во одлична форма само еден месец по породувањето. Убавата Русинка сподели фотографија на која позира по црни бикини легната на душек во форма на уста.
Атрактивната манекенка ја роди својата ќеркичка Леа де Сејн на 21 март. Леа е првото дете на Шајк и актерот Бредли Купер.

31-годишниот модел и 42-годишниот актер се во врска речиси две години.


Веста за бременоста стигна до јавноста откако Шајк дефилираше на ревијата на Victoria’s Secret во блажена состојба.


