Блескав прстен на левата рака на Ирина Шајк започна гласини дека таа доби предлог за брак од Бредли Купер.

Славната Русинка, која го очекува првото дете со холивудскиот актер, беше фотографирана додека се упатуваше во студио за маникир и педикир во Лос Анџелес.














30-годишниот модел и 41-годишниот актер се заедно од април минатата година.

Прстенот на Шајк изгледа како да е изработен со смарагд и мали дијаманти. Слични веренички прстени имаат Ева Лонгорија (со рубин) и војвотката Кетрин (со сафир).

Прстенот на Кетрин ѝ припаѓаше на покојната принцеза Дијана.

