Ирина Шајк и Бредли Купер може да здивнат од големото внимание кое беше насочено кон нив за време на изминатиов период. Славниот пар, кој се најде во центарот на шпекулации околу неговата наводна афера со Лејди Гага, беше виден на лежерна прошетка.
44-годишниот актер и режисер и 33-годишниот модел беа фотографирани во Њујорк во релаксирано издание.




Ирина и Бредли пред една недела „паднаа“ во радарот на папараците додека се забавуваа со ќеркичката Леа.




Веќе потполно стивнуваат шпекулациите околу наводната афера на Бредли со Лејди Гага. Дека нивната хемија на сцената на Оскар беше одглумена потврди, и самата пејачка која искоментира: „Луѓето видоа љубов... Па погодете што? Тоа е она што сакавме да го видите.“
