Бројни славни лица ги окупираа трибините на „Ол Ингланд Клубот“ во Лондон за да ги проследат натпреварите на најпознатиот светски тениски турнир Вимблдон.
Ирина Шајк и Бредли Купер, Бијонсе и Џеј Зи, војвотката Кетрин и принцот Вилијам, Дејвид Бекам со двата сина и Ана Винтур беа меѓу многуте ѕвезди кои во живо ги гледаа натпреварите на познатиот шампионат во тенис.



















Серена Вилијамс уште еднаш покажа дека е најдобра и по седми пат победи на Вимблдон, а со тоа го освои 22. Грен слем во својата кариера. Енди Мари победи во машката категорија и по вторпат ја доби посакуваната титула.























