Како заштитни лица на Intimissimi, Ирина Шајк и Ана Ивановиќ присуствуваа на шоуто на мраз на популарниот бренд кое се одржа во Верона.
Во шармантниот италијански град, руската и српската убавица изгледаа елегантно, но во сосем различни стајлинзи.
Ирина избра блескав фустан со шлиц и длабоко деколте од Александар Воте, додека Ана се појави во црна комбинација од кратко здолниште, сако и чипкана маичка.
Веќе извесен период се зборува дека Ивановиќ е бремена во четврти месец, но таа и Бастијан Швајнштајгер сè уште ја немаат потврдено веста.
На настанот беа и Кејти Холмс и блогерката Кијара Ферањи.