Ирина Шајк се врати во родната Русија за да присуствува на настан за промоција на козметичката линија на Marc Jacobs, на која неодамна стана заштитно лице.
33-годишната манекенка се појави во нежен розов стајлинг на промоцијата во Москва, каде разговараше и се фотографираше со свои фанови.













Додека Ирина престојува во својата татковина, нејзиниот сакан Бредли Купер присуствуваше на доделувањето на наградите SAG во Лос Анџелес. 44-годишниот актер беше придружуван од неговата мајка Глорија.






