Ирена Спировска зачекори во шестата деценија од својот живот.
Македонската водителка го прослави својот 50-ти роденден на плажа во Црна Гора и сподели фотографии на Instagram.
На нив, Ирена позира во сини бикини и изгледа фантастично. Таа доби десетици честитки во коментарите, а не изостанаа и пофалбите за нејзиниот изглед.
„Добредојде 50-ка“ – напиша таа.
Ирена доби специјална честитка од нејзиниот партнер Душко, кој објави заедничка фотографија.