По тешкиот пораз во финалето на Купот на кралот во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо замина на заслужен одмор со семејството за да ги „наполни батериите“.
39-годишниот фудбалер, кој моментално игра за Ал Наср, со Џорџина Родригез и нивните пет деца се релаксираат на крајбрежјето на Црвено море, каде се гради нивниот луксузен ресорт. Двајцата споделија фотографии од егзотичниот одмор, а Кристијано напиша: „Ги полнам батериите“.
Претходно, 30-годишниот модел објави фотографии на кои со децата навиваат за Роналдо.