Настапот на Eye Cue со „Lost and Found“ не беше доволен за да ги освоиме неопходните поени за да се пласираме во евровизиското финале.
Македонските музичари денес настапија со 18 конкуренти на сцената во Лисабон, но не влегоа во 10-те полуфиналисти.
Видео од настапот
Македонија веќе шести пат по ред не успева да се пробие до финалето на музичкиот натпревар. Последен пат Македонија влезе во финалето во 2012 година, благодарение на моќниот глас на Калиопи и песната „Црно и бело“.