Бјанка Балти има рак на јајниците.
Италијанската манекенка сподели дека ѝ била утврдена страшната дијагноза пред една седмица, но дека со позитивна мисла ќе се избори со опаката болест.
40-годишната ѕвезда од кампањите на Долче и Габана сподели моменти од лекувањето, заедно со порака за надеж и силна волја.
Минатата недела, отидов на доктор и открив дека мојата болка во долниот дел од стомакот е рак на јајниците во трет стадиум. Оваа седмица беше полна со страв, болка, солзи, но најмногу љубов, надеж, смеа и сила.
Имам долго патување пред мене, но знам дека ќе го победам ова. За мене, за моите најсакани (ќерките ми се на врвот на листата), и за сите вас на кои ви треба сила, можете да позајмите дел од мојата, бидејќи имам многу.
Животот се случува, дајте му причина. Засега, ракот ми даде шанса да најдам убавина низ животните предизвици.
Во едно од објавените видеа, Бјанка открива дека сега е многу подобра, дека ѝ била направена операција и дека продолжува со хемотерапија.
Во 2022 година, Балти откри дека го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот за развој на рак на дојки и јајници. Тогаш, таа направи превентивна операција за отстранување на градите.
Бјанка има две ќерки. Едната од поранешниот брак со Кристијан Луциди и една со сегашниот сопруг Метју Мекреј.