Џон Леџенд пред два дена го прослави својот 38. роденден. На Instagram, популарниот пејач сподели фотографии од специјалниот ден.
На нив, талентираниот музичар позира со својата сопруга Криси Тиген и 8-месечната ќеркичка Луна. На сите фотографии Леџенд е со широка насмевка на лицето.



И Тиген објави фотографија со слатката ќерка и во описот напиша: „Среќен роденден, прекрасен тато“.

Славното семејство престојува во Мајами. Џон објави и фотографија од прекрасниот поглед. „Ви благодарам на сите за убавите желби. Ве сакам сите. Уживам во прекрасниот поглед со Криси и Лу. Се чувствувам благодарен“ - напиша тој.
Познатиот модел и музичката ѕвезда беа фотографирани кога пристигнаа на аеродромот во Мајами.






