Криси Тиген и Џон Леџенд ги отворија вратите на нивниот прекрасен дом во Беверли Хилс.
За „Architectural Digest“, 37-годишниот модел и 44-годишниот пејач ја покажаа куќата која ја претворија во магичен дом за нив и за нивните деца.
„Секоја куќа којашто сме ја имале некогаш го рефлектира моментот во кој сме биле во нашите животи, како поглавје во книга“ – рече Криси за септемвриското издание на списанието.
„Ова место нè привлече со светлината и пространоста. Ни се допаѓа тоа што дава чувство на отвореност и што е поврзана со надворешниот свет. Сакавме да создадеме нешто магично, особено за децата“ – додаде Џон.
Големо внимание привлекуваат детските соби на 7-годишната Луна и 5-годишниот Мајлс, кои се како остварување на детски сон.
Криси и Џон сега имаат и две бебиња - Ести и Рен, кој е роден од сурогат-мајка.