По егзотичниот одмор на Хаваи, Криси Тиген и Џон Леџенд отпатуваа во Дизниленд, Калифорнија.
Славниот пар и нивните деца го славеа шестиот роденден на ќеркичката Луна, која изгледаше неодоливо во костим како принцезата Џасмин.
36-годишниот модел и 43-годишнот пејач позираа покрај Мини Маус со двете дечиња, а потоа се забавуваа следејќи куклена претстава која промовира глобален мир.
Претходно, Криси сподели фотографии од одморот на Хаваи.