Криси Тиген го придружуваше својот сопруг Џон Леџенд на доделувањето на SAG наградите. 31-годишниот модел и 38-годишниот пејач привлекуваа погледи во елегантно издание.
За големата вечер, Криси избра црна креација со висок шлиц и длабоко деколте од DSquared2.
Леџенд беше поканет на манифестацијата како дел од филмската екипа на „La La Land“, во кој имаше споредна улога, а исто така, тој се појави на сцената за да му ја додели наградата Вилијам Х. Мејси за Најдобар актер во серија комедија за „Shameless“.
Кога беа прашани дали планираат да имаат уште едно дете, Криси одговори: „Ох Боже, следно е мало момче со сигурност“.
По долга борба со неплодноста, Тиген откри дека сама го избрала полот на нејзиното прво бебе за време на постапката за ин витро оплодување. „Јас ја донесов таа одлука. Не само што ќе имам девојче, туку јас го избрав девојчето од нејзиниот мал ембрион. Ја избрав неа и беше нешто како: Ајде да го ставиме внатре девојчето“ – рече Криси во интервју за People.
Славниот пар стапи го брак во 2013 година, а нивната ќеркичка Луна се роди во април минатата година.