Ема Вотсон е новото рекламно лице на козметиката на познатиот француски бренд Lancome.
Талентираната актерка ќе ги следи стапките на Кејт Винслет, Џулија Робертс и Ума Турман, кои претходно имаат соработувано со познатиот козметички бренд.

20-годишната ѕвезда од филмовите „Хари Потер“ изјавила дека е пресреќна што ѝ е дадена честа да ја претставува Lancome козметиката.
„Иако не користам многу шминка, јас сум голема обожавателка на производите на Lancome, особено на нивната маскара“ – изјавила таа.
Познатиот фотограф Марио Тестино ќе биде одговорен за печатената реклама која ќе се појави наредниот месец, а веднаш потоа ќе следува и телевизиска реклама.
Ема веќе се има докажано како модел во кампањите на Burberry и People Tree, а за најновата соработка со Lancome се претпоставува дека ќе добие шестцифрена сума.