Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездата од „The Big Bang Theory“ отворено зборуваше на пластичните операции на носот и градите

Ѕвездата од „The Big Bang Theory“ отворено зборуваше на пластичните операции на носот и градите

Холивудските ѕвезди неретко легнуваат под нож за да го подобрат својот изглед, но ретко која славна личност отворено признава дека си има направено пластична операција.

Кејли Куоко од хит-серијата „The Big Bang Theory“ не крие дека го има коригирано своето тело. 30-годишната актерка си има направено операција на носот и си ги има зголемено градите, а исто така и со филери си ја има подобрено текстурата на вратот.

Кејли Куоко

Во интервју за „Women’s Health“, таа изјави: „Пред години, си направив операција на носот. А потоа и на градите – тоа е најдоброто нешто кое сум го направила. Неодамна си ставив филери на линија на вратот која ја имав од 12-годишна возраст. Колку и да сакаш да се сакаш себеси внатрешно, жалам, ама сакаш и да изгледаш убаво. Сметам дека не треба да направиш пластична операција заради маж или заради некој друг, но ако тоа ти ја зголемува самодовербата, тоа е прекрасно.“

Кејли Куоко

За својот „бум“ во ТВ индустријата, таа коментираше: „Успехот не дојде преку ноќ. Го правам ова повеќе од 20 години и беше долг пат. Бара многу напорна работа, голема волја и многу трпение.“

Кејли Куоко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.