Кејли Куоко и Том Пелфри ќе станат родители.
36-годишната ѕвезда од „The Big Bang Theory“ и 40-годишниот актер од „Ozark“ го очекуваат првото дете. Среќниот пар го откри полот на бебето преку фотографии објавени на Instagram. На нив, познатите актери позираат покрај торта со розов полнеж кои најверојатно биле направени на забава за откривање на полот на бебето.
„Девојчето Пелфри доаѓа во 2023 година“ – напиша Кејли додавајќи дека се пресреќни и благословени.
Том сподели албум со фотографии за да им ја соопшти среќната вест на обожавателите и за да ѝ признае на Куоко дека ја сака повеќе отсекогаш.
Кејли и Том за првпат во јавност се појавија како пар во мај годинава на церемонија во Холивуд. Актерката има два брака зад себе – со Рајан Свитинг и Карл Кук.