Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Експлозивен успех: Трејлерот за „Убавицата и ѕверот“ го сруши рекордот на гледаност

Експлозивен успех: Трејлерот за „Убавицата и ѕверот“ го сруши рекордот на гледаност

Недискутабилно е дека целиот свет со нетрпение ја очекува премиерата на „Убавицата и ѕверот“, а тоа го покажува и фактот дека трејлерот за новиот дизниев филм го сруши рекордот на гледаност.

Имено, во првите 24 часа по објавувањето, видеото беше прегледувано над 127 милиони пати, што го прави најгледаниот трејлер во историјата. Објавените податоци не ја вклучуваат Кина.

Главната женска улога во филмот ѝ припадна на Ема Вотсон, која ќе ја глуми Бела. Ден Стивенс ќе влезе во улогата на Ѕверот, додека арогантниот Гастон ќе биде оживеан на филмското платно од Лук Еванс.

ВИДЕО:

Претходниот рекорд на најголема гледаност во 24 часа го имаше трејлерот за „Fifty Shades Darker“ со 114 милиони прегледувања, кој пак го победи трејлерот за „Star Wars: The Force Awakens“ (112 милиони прегледувања).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.