Ева Лонгорија ги покажа своите облини во бикини за да ги разубави страниците на „Health“. 42-годишната актерка сними фотосесија за познатото списание и зборуваше за својата физичка активност.
„Не уживам да вежбам. Убаво се чувствувам откако ќе извежбам, но секогаш посакувам мојот тренер да не се појави. Секогаш си велам: Се надевам дека ќе откажи, се надевам дека ќе откажи“ – отворено изјавила ѕвездата од „Очајни домаќинки“ и додала дека обожава да трча.


Во текот на интервјуто, Ева изјавила дека мотивацијата ја наоѓа во чашата вино. „Мојата мотивација исто така е во чашата вино на крајот на денот. Си велам: Ева, ако ја сакаш таа чаша вино, ова е тоа што мораш да го направиш“ – рекла таа.



Лонгорија признала кој бил аутфитот кој го има носено на црвениот тепих, но за кој најмногу се кае што го избрала. „На премиерата на „Tomb Raider“ носев кожен аутфит. Тоа беше соодветно за „Tomb Raider“, но беше како да одев на некоја тематска забава“ – рекла таа.

