Дуа Липа беше гостинка на доделувањето на наградите на машкото списание GQ. Пред почетокот на манифестацијата во Лондон, присутните дефилираа на црвениот тепих.
Музичката ѕвезда самоуверено позираше во краток фустан со леопардски принт и црни сандали со потпис на Сен Лоран.
23-годишната пејачка беше фотографирана и со нејзиното момче Ајзак Кару.