Сања Николиќ и Слаткар ги поминаа божиќните празници во Струмица.
38-годишниот пејач и неговата 42-годишна сопруга споделија фотографии со синчето Моша. На една од нив, парот се гушка со 4-годишното момче додека заедно лежат на кревет.
„Среќни празници“ – напишаа тие.
Сања сподели уште две фотографии од празничната традиција на кршење на лепче со паричка и од прошетка низ Струмица.
„Ако не сме дома, традицијата не смее да трпи. Струмичка паричка и топло лепче. За многу години. Живи, здрави и само убавини кај сите“ – стои на едната фотографија.
„Струмица на улица“ – пишува на другата.
Сања и Слаткар ја прославија 10-годишнината од бракот во август минатата година. Синчето Моша го добија во 2020 година.