Дуа Липа продолжува да нижи светски успеси, а Косово се гордее со неа.
23-годишната пејачка синоќа се закити со две Греми статуетки за Најдобар нов артист и Најдобар денс запис за „Electricity“.
На црвениот тепих во Лос Анџелес, Дуа се појави во сребрена креација од Версаче.






Таа беше придружувана од саканиот Ајзак Кару и нејзините родители.



Подоцна, Липа се пресоблече во уште еден фустан од Версаче.













„Сакам да им се заблагодарам на моите фанови кои ми доволија да бидам најдобрата верзија од себе. Ве сакам многу“ - изјави музичката ѕвезда со косовско потекло.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ѝ честиташе на Дуа за добиените награди. „Двократен победник на престижните Греми награди. Дуа уште еднаш покажа дека со работа и талент може да се преминат сите граници. Честитки Дуа! Косово е среќно што во светот е претставувано од твоето име“ – стои во неговиот пост на Facebook.
Дуа настапи на сцената со Сент Винсент.




