Семејството Бекам е на семеен одмор во скијачки ресорт. Дејвид и Викторија споделија фотографии од релаксирачките активности со своите четири деца.
Поранешниот фудбалер и популарната дизајнерка објавија како си поминаа на скијачките терени.









Пред само неколку дена, Дејвид ѝ го честита Св. Валентин на својата сопруга со стара фотографија и слатката порака: „Среќен Валентин не само на мојата сопруга, туку и на неверојатното семејство кое таа ми го даде... 3 прекрасни момчиња и едно неверојатно девојче.“

Сепак, снежната авантура на Бекам не помина без непријатности. Бруклин Бекам доживеа незгода и заврши со скршеница, но сподели видео од спуштањето со сноуборд кое заврши со повреда.