Ријана освои оскаровска номинација и беше поканета да настапи на свечената церемонија по повод доделувањето на наградите на Академијата за филмски уметности и науки.
Пред манифестацијата, славната пејачка зачекори на црвениот тепих во креација која ја истакна нејзината трудничка фигура.
Црниот фустан со исечоци е дело на Alaïa, а Ријана го надополни со обувки од Џузепе Ѕаноти и дијамантски накит.
За време на свеченоста, Ријана ја отпеа нејзината песна „Lift Me Up“ од саундракот на „Black Panther: Wakanda Forever“ за којашто ја доби и првата номинација за Оскар.
Rihanna performs "Lift Me Up" at the #Oscars. https://t.co/ndiKiHfmID pic.twitter.com/cyESzOZnmm
— Variety (@Variety) March 13, 2023
Ѕвездата од Барбадос, која е мајка на 10-месечно момче, сподели со јавноста дека го очекува второто дете на шоуто на Супер Боул.