Денови откако потпиша договор со Валенсија, Столе Димитриевски замина на патување во Калифорнија со својата девојка Ирина.
30-годишниот голман и неговата сакана споделија фотографии од авантурата во САД. Македонскиот чувар на мрежата посети фудбалски натпревар, возеше велосипед и уживаше во убавините на Лос Анџелес.
Претходно, Ирина сподели фотографии од Валенсија.
Столе стана нов играч на Валенсија откако одигра шест сезони во Рајо Ваљекано, каде се истакна како еден од најдобрите голмани во Примера. Димитриевски со Валенсија потпиша договор до јуни 2026 година.
ФОТО: Instagram / Stole Dimitrievski, irinayankulovska