Војвотката Кетрин, принцот Вилијам и принцот Хари активно ја промовираат својата кампања „Heads Together“ за подигање на свеста за менталното здравје и разбивање на стигмата поврзана со оваа тема.
Во рамките на кампањата, кралското трио присуствуваше на настан во Институтот за современи уметности во Лондон.
За таа пригода, Кетрин носеше цветен фустан од брендот Erdem кој чини нешто повеќе од 1.200 евра.
„Менталното здравје му е важно на секој од нас. Тоа е исто толку важно колку и нашето физичко здравје. Има периоди кога, независно кои сме, тешко ни е да се справиме со предизвиците, а кога ќе се случи тоа, ако си отворен, искрен и побараш помош, може да ти се промени животот“ – рече во својот говор Вилијам.