Британското кралско семејство се обедини за да ѝ оддаде почит на покојната кралица. Принцезата Кетрин со принцот Вилијам и Меган Маркл со принцот Хари се поклонија пред телото на Елизабета II кога тоа пристигна во Вестминстерската палата.
40-годишната принцеза на Велс и 41-годишната војвотка од Сасекс полни со емоции стоеја покрај своите сопрузи. Претходно, двајцата браќа чекореа зад ковчегот на нивната покојна баба, додека Меган и Кетрин пристигнаа во различни автомобили.
Телото на Елизабета II, монархот со најдолго владеење на британскиот трон, ќе биде погребано в понеделник.
Кралицата почина на 96-годишна возраст.