Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер уживаат во брачниот живот. 29-годишната српска тенисерка и 32-годишниот германски фудбалер беа фотографирани на прошетка и додека се упатуваа на ручек во Чешир, Англија.
Од широките насмевки на славните спортисти се забележува дека ним им годи меѓусебното друштво.


Ана и Бастијан стапија во брак во јули оваа година.


Ивановиќ пред три дена го прослави својот роденден и на Instagram сподели фотографии од својата торта и голем букет кој го доби за подарок.

