Вин Дизел ја крсти новородената ќеркичка по својот најдобар пријател, прерано починатиот Пол Вокер. 47-годишниот актер откри дека неговата ќерка ќе се вика Полина, во чест на неговиот колега кој загина во сообраќајна несреќа во 2013 година.
Полина е трето дете на Дизел со манекенката Палома Хименез.


Дизел, кој во повеќе наврати го нарекуваше Пол свој брат и своја сродна душа, моментално го промовира филмот „Furious 7“. Вокер почина додека траеше снимањето на филмот, а по неговата смрт, во повеќе сцени неговото место го пополнија неговите браќа Кејлеб и Коди.
