Смртта на Пол Вокер трогна милиони луѓе низ целиот свет кои будно ја следеа неговата кариера. 40-годишниот актер го загуби животот во сообраќајна несреќа во која загина и неговиот бизнис партнер и пријател Роџер Родас.
Компанијата којашто стои зад филмовите „Fast & Furious“ објави емотивно видео во чест на Вокер. Видеото со кое екипата се збогува со својот трагично загинат колега вклучува клипови од Пол на снимањето на филмовите.
Во позадина се слуша песната „I’m Coming Home“.