Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездите од „Fast and Furious“ со емотивни пораки на денот на раѓањето на прерано починатиот Пол Вокер

Ѕвездите од „Fast and Furious“ со емотивни пораки на денот на раѓањето на прерано починатиот Пол Вокер

Пол Вокер нè напушти прерано, а ако беше жив, тој вчера ќе го славеше својот 43. роденден. Колеги на Вокер од филмовите „Fast and Furious“ на социјалните мрежи објавија емотивни пораки на денот на раѓањето на својот сакан пријател и почитуван соработник.

Вин Дизел, кој по Пол ја крсти својата мала ќеркичка Паулина, на Instagram објави колаж со фотографии од среќните моменти со славниот актер. „Среќен роденден Пабло“ – напиша тој. Пабло е прекарот со кој нагалено му се обраќал на Пол во приватниот живот.

A photo posted by Vin Diesel (@vindiesel) on

Помалиот брат на Пол, Коди, сподели стара фотографија на Twitter и напиша: „За човекот кој влијаеше на мојот живот и на она што сум. Те сакам и ми недостигаш секој ден. Среќен роденден“.

Џордана Брустер, која во филмот глумеше девојка на Вокер, на фотографија со познатиот актер напиша: „Среќен роденден Пол. Ќе те сакам, секогаш“.

Happy birthday Paul. I will love you, always

A photo posted by jordanabrewster (@jordanabrewster) on

„Среќен роденден на еден ангел. Неверојатно е колку многу влијаеше на нас, а беше на Земјата физички само 40 години. Љубовта која сите ние ја имаме за Пол укажува на само едно нешто – никој не може навистина да умре, сè додека живее во нашите срца и засекогаш е во нашите мисли. Среќен роденден на нашата фамилија и на нашиот брат. Ве молам испратете ги вашите молитви и вашата љубов на семејството на Вокер и на неговата ќерка. Овие денови не се воопшто лесни за нив, ниту пак за нас кои навистина го познававме и сакавме“ – е пораката на Тајрис Гибсон.

Ѕвездата од „Fast and Furious“ почина пред три години во сообраќајна несреќа во Санта Кларита, Калифорнија, во која животот го загуби и неговиот пријател Роџер Родас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.