Бекамови никогаш не пропуштаат да ги одбележат на Instagram важните датуми за нивното семејство.
Пред неколку часа, Викторија ја искористи популарната социјална мрежа за да му го честита 42. роденден на својот сопруг Дејвид Бекам со слатка фотографија на која таа позира со 5-годишната ќеркичка Харпер.
„Среќен роденден тато! Од твоите две омилени девојки!! Те сакаме нај,нај, најмногу. Бакнежи од мама и Харпер“ – напиша 43-годишната дизајнерка во описот.
Поранешната членка на женската група „Spice Girls“ изгледа одлично во младешка розово-бела комбинација од сопствениот бренд, додека Харпер носи бел фустан.

И трите сина на Бекам преку Instagram упатија честитки до нивниот славен татко.
Ромео Бекам сподели фотографија на која го прегрнува татко си, а во описот напиша: „Среќен роденден на најдобриот и најкул татко кој постои. Се надевам дека ќе го имаш најдобриот ден! Те сакам многу.“
И Круз Бекам сподели фотографија со татко си за да му посака среќен роденден, додавајќи: „Ти си најдобриот татко на светот“.
18-годишниот Бруклин објави фотографија од Дејвид. „Среќен роденден. Многу те сакам“ – напиша тој.