Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија до операција поради високи штикли

Викторија до операција поради високи штикли

Стапалата на Викторија БекамКоскените израстоци на стапалата на Викторија

Бившата членка на групата Spice girls, Викторија Бекам, е препознатлива по носењето на чевли со екстремно високи потпетици. Но, долгите години поминати на високи штикли и „платформи“ сега го покажаа својот негативен ефект врз стапалата на славната г-ѓа Бекам.

Викторија страда од неподнослива болка, која ѝ ја причинуваат коскени израстоци што кај неа се наоѓаат веднаш под големите прсти на стапалата.

„Таа страда од неподнослива болка. Нормално, кога е дома не носи високи чевли, но во последно време е многу често излезена и сега навистина ја чувствува болката.“ – изјавиле нејзини пријатели за Daily Mail.

Докторите ја советуваат атрактивната пејачка и дизајнерка веднаш да се подложи на операција за отстранување на коскените израстоци. Но, Викторија се плаши дека операцијата нема да ѝ дозволи повторно да им се врати на високите потпетици и дека тоа ќе го наруши нејзиниот имиџ.

„Најмногу од сè мразам балетанки. Не можам да одам со нив. Освен ако не ги носи балерина што игра балет, не ги разбирам. Обожавам високи потпетици.“ – изјавила г-ѓа Бекам.

Затоа, 35-годишната Вики упорно ја поднесува болката, за да може секој ден да се качува на своите високи чевли од познати дизајнери како Christian Louboutin.

Што сè не ќе направат славните за да го задржат својот имиџ.

Галерија

Погледнете дел од многуте екстремно високи обувки на Викторија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.