Викторија Бекам, сопругата на Дејвид Бекам – со кого има две деца, му посветува два и пол часа дневно на својот изглед, поминувајќи долго време пред огледало.
„Викторија никогаш нема да стапне во јавност ако изгледа помалку од совршено“ – открива извор близок до Бекамови.
„Таа троши два и пол часа секој ден на нејзиниот режим за убавина – кој вклучува масажи, маникир, педикир и посети на фризер. Таа исто така вежба 45 минути секој ден, комбинирајќи трчање на патека со дигање на тежина и јога.“
Викторија неодамна открила пред пријателите дека воопшто не е задоволна од своите усни. Сепак, сè уште не би се подложила на операција заради стравот дека другите ќе се подигруваат со неа.
“
Моите усни исчезнуваат кога се смеам!
„Таа вели дека чека појавување на нова неинвазивна процедура пред да си ги напумпа усните – сега за сега се обидува да ги зголеми со молив и сјај за усни.“
„Отсекогаш си ги мразеше забите и ја фаќа параноја кога ќе помисли на нејзината уста. Носеше протези за да ги исправи, а исто така изврши и процедура за белење.“
Бившата членка на групата Spice Girls сакала да стави и навлаки, но откако дознала дека за тоа е потребно стружење на забите, откачила и се предомислила.