Каролина Гочева делува хипнотизирачки со препознатливиот глас, рафинираното држење и софистицираниот стил. Па, не е изненадување што серијата концерти со оркестарот на Македонската филхармонија ја подигнаа публиката на нозе, поттикнуваа искрени, гласни аплаузи и комплименти и предизвикуваа жед за повеќе и повеќе.
„Македонското девојче“ едноставно ја знае успешната формулата за склопување на музичко доживување кое буди редица емоции и разгалува сетила.
На најновите два концерти во Скопје, обожавателите ја почувствуваа магијата што ја носи музикалното патување низ хитовите на нашата ѕвезда.
Облечена во црни креации, Каролина со грациозност ја освојуваше публиката. Во нејзините стајлинзи, за кои беше задолжена Цаци Паковска, на совршен начин беа инкорпорирани модерни парчиња накит од Rebecca. Имено, станува збор за префинети модели од колекциите „Lumière“, „R-Zero“ и „Madama“ на италијанскиот бренд кој неодамна отвори свој продажен салон и во „Рамстор“ во Скопје.











Пред почетокот на финалниот концерт, Бобан Милошески до Авалон со порака го заокружи успешниот музички маратон на Каролина.
Вечерва е последниот од неверојатните 11 распродадени концерти на неприкосновената Каролина во само една година!
Принцезата стана кралица, тивко, полека.
Седум во МОБ.
Четири во Македонска филхармонија.
Можеа да бидат барем уште пет распродадени.
Можам да напишам роман само за Каролина и овие концерти.
Можам и да потсетам некои “особи” за нешто порано изговорено, напишано, итн.
Нема.
Сè што требаше Каролина кажа и покажа.
До некоја друга прилика во Скопје, во 2021-ва...
Бобан Милошески
Фотографии: Филип Вирановски и Stefan Rajhl