Џони Деп веќе ги има докажано своите актерски способности, па можеби токму затоа сега се обидува да остави свој белег и во музичката индустрија.
46-годишниот актер го режираше спотот на песната „Unloveable“, а воедно го отсвири и делот со гитарата. Прекрасната балада е песна на британската рок група Babybird.
Спотот е инспириран од познатата кратка приказна на Емброус Бирс „An Occurrence at Owl Creek Bridge" од 1890 година и одлично се надополнува со песната.
Браво за Џони Деп, може слободно да продолжи да нè изненадува со неговите дела.