Џенифер Анистон не бега од шегите на своја сметка. Во хумористично видео 43-годишната актерка ги исмејува сите гласини кои за неа се појавиле во таблоидите – од тоа дека е бремена со тројка, до тоа дека веќе има две деца и дека носи перика.

Рекламата е за брендот Smartwater и во неа Џенифер си го полни базенот со брендирана вода, а едно од нејзините тајни деца е комичарот Џими Кимел.
Видеото започнува со Рајан Сикрест, кој објаснува дека се обелоденети снимки од безбедносните камери на Анистон.