Ева Лонгорија моментално работи на нова мини серија.
Славната актерка ја има главната улога во „Land of Women“, за која сега беше објавен официјалниот трејлер.
Приказната ја следи Гала (Ева) која води навидум совршен живот. Но, нејзиниот свет ќе се преврти наопаку кога сопругот ќе го вмеша семејството во неговите финансиски долгови и Гала ќе биде принудена да го напушти своето живеалиште заедно со мајка си и ќерка си.
Погледнете го трејлерот: