Рами Малек имаше мала незгода откако ја прими статуетката за Најдобар актер за улогата во филмот „Bohemian Rhapsody“ на Оскар 2019.
Моментот кога 37-годишниот актер падна од сцената беше документиран со видео и фотографии:
Видео
Rami Malek walking straight of the stage, falling down ideo by legend @MichaelBearden #RamiMalek #Oscars pic.twitter.com/DN4aq3gogC
— (@malene_minds) February 25, 2019
Кратко по падот, Рами беше прегледан од страна на медицински тим.
Тој не покажуваше знаци на болка или на повреда додека позираше пред новинарите заедно со Оливија Колман, Реџина Кинг и Махершала Али.
Рами ги победи Кристијан Бејл, Бредли Купер, Вилијам Дефо и Виго Мортенсен во категоријата Најдобар актер.
Моментот кога тој ја бакна својата девојка Луси Бојнтон по прогласувањето за победник стана хит на социјалните мрежи.
Видео
#RamiMalek won best actor at the https://t.co/YVy2xCTljU pic.twitter.com/T82Ljn2ehx
— People (@people) February 25, 2019
Парот се запозна на снимањето на „Bohemian Rhapsody“ во Лондон, а јавноста дозна за романсата во април минатата година.