Се ближат Оскарите, па љубителите на филмот се нетрпение очекуваат да дознаат во чии раце ќе завршат престижните златни статуетки.
Во категоријата Најдобра оригинална песна за победа ќе се натпреваруваат пет музички дела.
Слушнете ги и изберете која нумера според вас заслужува Оскар.
„Shallow“ од „A Star Is Born“
„Shallow“ досега има собрано лавина од пофалби и на Лејди Гага ѝ донесе награди на Grammy, Golden Globe и Critics' Choice.
Популарната балада е снимена за филмот „A Star Is Born“, во кој Гага ја изведува со Бредли Купер.
Песната е напишана од Гага во соработка со Марк Ронсон, Ендру Вајат и Антони Росомандо.
„The Place Where Lost Things Go“ од „Mary Poppins Returns“
Актерката Емили Блант ги покажа своите вокални способности во филмот „Mary Poppins Returns“, каде ја изведува „The Place Where Lost Things Go“.
„All The Stars“ од „Black Panther“
Филмскиот хит на Марвел „Black Panther“ доби бројни номинации, меѓу кои за Најдобар филм и Најдобра оригинална песна за „All The Stars“. Кендрик Ламар се погрижи за музиката и текстот во соработка со Марк Спирс, Ентони Тифт и SZA.
„I’ll Fight“ од RBG
Џенифер Хадсон ја пее „I’ll Fight“ за која музиката и текстот ги напиша Дајен Ворен.
„When A Cowboy Trades His Spurs For Wings“ од „The Ballad of Buster Scruggs“
Гилијан Велч и Дејвид Роулингс ставаат свои потписи на текстот и музиката за „When A Cowboy Trades His Spurs For Wings“, која е изведена од Вили Вотсон и Тим Блејк Нелсон.