Пол Мекартни покажа дека знае да се забавува и на 76-годишна возраст.
Во сегментот „Carpool Karaoke“ од шоуто „The Late Late Show“, популарниот пејач од легендарните Битлси пееше и се шегуваше со водителот Џејмс Корден, а потоа ја покажа куќата во Ливерпул во која живеел кога бил млад и изненади локални жители со настап во паб.
Во својот разговор со познатиот водител, Пол откри дека за да ја напише песната „Let It Be“ бил инспириран од сон кој го сонувал за покојната мајка.
Погледнете видео: