Џенифер Лопез беше гостинка во сегментот „Carpool Karaoke“ од шоуто на Џејмс Корден.
Во забавното видео, Џеј Ло пее и се забавува заедно со популарниот водител.
За време на лежерните разговори таа признава дека досега пет пати има добиено предлог за брак и дека нема вистина во гласините дека си го има осигурано задникот.
Во еден момент, Џејмс ѝ го зема мобилниот телефон и во нејзино име му испраќа порака на Леонардо Дикаприо. Погледнете како течеше забавното возење: