Пол Мекартни привлече пријатно и славно друштво за снимањето на спотот за новата песна „Queenie Eye“. 71-годишниот поранешен член на легендарната група Битлси, ги собра Џони Деп, Мерил Стрип, Кејт Мос, Шон Пен, Џуд Ло, Крис Пајн и многу други ѕвезди во студио во „Аби Роуд“ и направи вистинска забава.
Во спотот за песната, Мекартни свири и пее, додека сите останати уживаат во секој звук.
Снимањето во студијата „Аби Роуд“ не е случајност – тоа е местото каде што Битлси ги снимија своите најголеми хитови, кои до ден-денес ги забрзуваат срцата на нивните фанови.
„Queenie Eye“ е дел од новиот албум на Пол Мекартни, „New“, а е инспирирана од улична игра која го одбележала неговото детство во Ливерпул.