Мадона го објави „тајниот проект“ кој го најавуваше со месеци наназад. 55-годишната пејачка соработуваше со модниот фотограф Стивен Клајн, а резултатот е краткиот филм „secretprojectrevolution“.
Црно-белото 17-минутно видео го означува стартот на глобалната иницијатива за поголема слобода на изразување, „Art ForFreedom“.
Со „Art ForFreedom“, Мадона и Клајн ги повикуваат луѓето да започнат своја револуција на љубовта и ги поттикнуваат да се изразат себеси и да одговорат на прашањето „Што значи слободата за тебе?“ преку видео, музика, поезија или фотографија.
Погледнете го мрачниот и драматичен филм, кој или ќе го сакате или ќе го мразите, како и интервјуто со Мадона во кое таа зборува повеќе за новиот проект: