Денес беше објавен официјалниот трејлер за новиот филмски проект на Леонардо Дикаприо „The Revenant“.
Режисер на филмот е брилијантниот Алехандро Гонзалес Ињариту, чие дело „Birdman“ оваа година доби оскар за Најдобар филм.
„The Revenant“ е инспириран од вистински настани, а го следи Хју Глас (Леонардо), кој е напуштен од своите пријатели откако е лошо ранет од мечка. Тој ќе успее да преживее во американската дивина и обземен од длабока тага поради предавството од страна на неговиот верен пријател Џон Фицџералд (Том Харди), ќе тргне на патување за да се одмазди.
„The Revenant“ ќе започне да се прикажува во киносалите на 9 јануари 2016 година.