Синоќа, Мишел Обама за последен пат како прва дама на САД гостуваше во ТВ емисија.
Мишел не можеше да ја скрие среќата и возбудата кога во студиото настапи нејзиниот омилен музичар Стиви Вондер. Во видеото, таа со широка насмевка го следи легендарниот пејач додека тој ѝ пее специјална верзија на своите хитови „Isn’t She Lovely“ и „My Cherie Amour“.
„Те сакам Мишел“ – ѝ вели Вондер пред да започне со настапот во кој пее: „Ти секогаш ќе бидеш прва дама во нашите животи“.
Видео
Во рамките на шоуто, Џими и Мишел изненадија млади Американци, давајќи им можност лично да ги запознаат. Учесниците беа замолени да ѝ се обратат на првата дама, гледајќи во нејзина фотографија на ѕидот, без да знаат дека Обама е зад завесата. Погледнете: