Списанието Форбс ја прогласи Мишел Обама за најмоќна жена на светот. Првата дама на САД се искачи за 39 места и застана на чело на листата.
Веднаш зад неа се најде Ирене Розенфилд, извршниот директор на компанијата „Крафт фудс“, а третото место ѝ припадна на телевизиската водителка Опра.
Германската канцеларка Ангела Меркел, која 4 години беше на првото место, сега остана четврта, веднаш пред американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Извршниот директор на компанијата „Пепси Ко.“, Индира Нуи, застана на шестото место, пред Лејди Гага, која поради својата популарност успеа да биде седма.
Гејл Кели од финансиската компанија „Вестпак банкинг“ го има осмото место на листата, популарната Бијонсе деветтото, а водителката Елен Деџенерис десеттото место.