Кристијано Роналдо го користи времето за вежбање за дружба со своето синче. Популарниот фудбалер објави видео во кое со 4-годишниот син Кристијано прават вежби за зацврстување на стомачните мускули.
Тренингот татко-син го привлече вниманието на многубројните фанови на 30-годишниот Португалец.
Роналдо стана татко во 2010 година. Идентитетот на мајката до ден-денес не е познат. Со согласност на мајката, Роналдо доби целосно старателство над малото момче.

