Џорџина Родригез експресно се врати во форма по раѓањето на нејзиното прво дете со Кристијано Роналдо.
22-годишниот модел посети хуманитарен пазар со Мадрид. Облечена во кежуал комбинација со бела маичка од Каролина Ерера, Родригез разговараше со организаторите на настанот.
Многумина побрзаа да искоментираат дека изгледа прекрасно со минимална шминка и толку кратко време по породувањето.
Алана Мартина е првото дете на парот. Роналдо во јуни ги доби и близначиња Ева и Матео родени со помош на сурогат-мајка. Славниот фудбалер денес сподели слатка фотографија со малата Ева.
И мајката на Роналдо постојано споделува фотографии со малите внучиња.
Пред три дена, Роналдо објави фотографија од вечерно излегување со Џорџина.